Роден е во Мемфис, САД во 1948 година. Татко му бил сопственик во кино, а мајка му танчерка со свое мало училиште за танцување. Уште како ученик бил опседнат подеднакво и со науката и со уметноста. „Колку што се сеќавам, во детството правев проекти за ракети и пишував поезија“, вели Лајтман. „Секогаш бев растргнат помеѓу тие два света“.
Студира физика затоа што верува дека тоа е единствениот пат да се стане писател и да се навлезе во светот што постои оттаде реалноста. По дипломирањето, во 1974 година, докторира на тема од астрофизиката. Во периодот од 1976 година до 1978 година предава астрономија и физика на Харвард, а потоа, во 1989 година се префрла на МИТ каде што може да ги задоволи своите афинитети во физиката и во творечкото пишување - станува директор на Програмата за пишување и хуманитарни студии.
Во есеите објавени во The New Yorker се обидува да ја објасни врската меѓу науката, уметноста и литературата.
Библиографија
Модерен Јенки во суд во Конетикант (A Modern Day Yankee in a Connecticut Court, 1986)