Александер Ален Милн (англиски: Alexander Allan Milne) (Лондон, 1882 — Хартфилд, 1956, Британија) — англиски новинар, драматург и писател за деца.
Животопис
Милн е роден во Лондон, во 1882 година. Се школувал во Вестминестерското училиште, а потоа студирал на Универзитетот во Кембриџ. Активно учествувал во Првата светска војна. Умрел во Хартфилд, Сасекс, во 1956 година.[1]
Творештво
Новинарските написи на Милн се издадени во неколку дела, од кои најзначајни се: „Не оти тоа е значајно“ (1919) и „Ако смеам“ (1922). Неговите најзначајни драми се собрани во книгите: „Први драми“ (1919), „Втори драми“ (1921), „Три драми“ (1923) и „Четири драми“ (1926). Исто така, тој пишувал и поезија, а неговите песни за деца се застапени во две збирки. Сепак, тој е најпознат по приказните за деца, од кои најголема популарност имаат книгите: „Вини Пу“ (1926) и „Куќата на Пуовиот агол“ (1928).[2]
Наводи
- ↑ Даниела Цветановска, „Александер Ален Милн“, во: Александар Ален Милн, Вини-Пу. Скопје: Детска радост, 1988, стр. 97.
- ↑ Даниела Цветановска, „Александер Ален Милн“, во: Александар Ален Милн, Вини-Пу. Скопје: Детска радост, 1988, стр. 97-98.