Аеродром Хамбург (IATA: HAM, ICAO: EDDH), исто познат како Аеродром Хамбург-Фулсбител (германски: Flughafen Hamburg-Fuhlsbüttel), е меѓународен аеродром, кој го опслужува Хамбург, Германија.
Првично опфаќал 440.000 м2. Оттогаш, местото се зголемило за повеќе од десетпати на 5,7 км2. Главната авионска рампа опфаќа 320.000 м2. Аеродромот е 8,5 км северно[2] од центарот на градот Хамбург во квартот Фулсбител. Аеродромот Хамбург има место за 17 млазни авиони и 54 обични. Постојат две терминални згради со т.н. зграда Плаза помеѓу нив. Во Плаза се наоѓа секторот за централна безбедносна проверка, како и продавници, ресторани, салони и други услужни објекти. Во сите згради на првиот 1 се заминувањата, додека на приземјето се пристигнувањата. Аеродромот Хамбург нуди 14 ленти за багажот на приземното ниво.
Пистите, приодите и рампите се во состојба да се справат со Ербас А380, иако не е закажано пристигнување на А380. Аеродромот Хамбург е аеродром за пренасочување за аеродромот Хамбург-Финкенвердер (XFW), аеродромот на фабриката на Ербас во Хамбург, каде сите А380 се бојат и внатрешно се уредуваат.
Во 2008, аеродромот Хамбург опслужил 12.840.000 патници и 173.500 операции на воздухоплови.[3] Аеродромот Хамбург (мерено по број на патници) е петти најпрометен од 16-те германски комерцијални аеродроми (по Аеродром Берлин Тегел). Акционери на аеродромот Хамбург се Градот Хамбург (51%) и Hochtief AirPort GmbH. (49%).
Историја
Аеродромот бил отворен во јануари 1911 од приватната компанија Hamburger Luftschiffhallen GmbH (HLG), правејќи го најстар аеродром во светот, кој сè уште функционира. Првичната локација се состоела од 45 хектари и примарно била користена за авионски летови во раните денови. Во 1913, местото било проширено до 60 хектари, северниот дел се користел за авионски операции, додека југоисточниот дел бил користен за авиони со фиксни крила. Во текот на Првата светска војна, авионскиот хангар бил употребуван од војската, додека не бил уништен од пожар во 1916.
Во текот на британската окупација, почнувајќи од 1945, аеродромот го добил неговото моментално име, Аеродром Хамбург. Бил користен многу во текот на берлинската воздушна криза во 1948, како точка за застанување, како северен воздушен коридот помеѓу Хамбург и Западен Берлин. Кога Lufthansa ги започнала патничките операции во 1955, Хамбург бил користен како центар додека Франкфурт не преземал, поради ограничувањата за раст поставени од страна на локацијата во градот. Lufthansa Technik сè уште одржува големо присуство на аеродромот, поради раните активности на авиопревозникот на аеродромот.
Во 1960-тите, започнале дискусии за преместување на аеродромот во Хајдмор кај Калтенкирхен. Наведените причини биле ограничените можности за проширување, ограничувањата на капацитетот поради премувачките писти и бучавата. Lufthansa го вовела Боинг 707 во 1960, кој правел повеќе бучава од претходните модели. Плановите биле отфрлени, поради лошите искуства во другите градови, откако аеродромите биле преселени далеку од центрите на градовите и Lufthansa се преселила во Франкфурт.
Во раните 1990-ти, аеродромот започнал голем процес на модернизација. Планот, наречен HAM21, вклучувал 500 метри ново продолжување на пистата, нов терминал (Терминал 1) и аеродромската Плаза помеѓу терминалите 1 и 2, која вклучувала консолидирана безбедносна зона. Хотелот Radisson Blu на аеродромот Хамбург бил додаден во 2009, комбиниран со новиот патен пристап и железничката станица и врската на надземниот железнички систем на Хамбург (S-Bahn).
Терминали
Хамбург има два терминала, Терминал 1 и Терминал 2, поврзани со аеродромската Плаза и багажната зона, која се протега низ пониските нивоа на сите три згради. Овие три згради биле проектирани од Геркан, Марг и Партнер. Терминалите 1 и 2 имаат високи и криви покриви, проектирани во облик на крило.
Терминал 1
Терминалот 1 бил завршен во 2005 и е сличен со терминалот 2, во поглед на дизајнот и големината. Има многу одлики за заштеда на енергијата и водата, како што се собирање на дождовната вода за водата во тоалетите и ThermoLabyrinth, која ја температурата на тлото и помага во регулирањето на температурата во зградата и го намалува товарот на климатизациониот систем.
Терминал 2
Терминалот 2 бил завршен во 1993. Домаќин е на Lufthansa и другите партнери во Star Alliance, меѓу нив и Condor и Germanwings.
Аеродромска Плаза
Аеродромската Плаза ги содржи безбедносната контрола и големата шопинг-зона. Во нејзе е станицата на С-Железницата и била завршена во декември 2008.
Агадир, Аресифе, Фуертевентура, Хургада, Кос, Лас Палмас де Гран Канарија, Минхен, Санта Крус де ла Палма, Шарл ел-Шеик, Тенерифе-Југ Сезонски: Анталија, Даламан (од 28 април 2012), Ираклион (од 30 март 2012), Ибица, Херез де ла Фронтера, Клагенфурт (од 16 декември), Кос, Ларнака, Палма де Мајорка, Родос (од 13 април 2012), Санторини (од 16 мај 2012)
Келн/Бон, Диселдорф, Франкфурт, Џерси (од 12 мај 2012), Лондон-Хитроу, Мадрид, Москва-Домодедово, Минхен, Ница, Нирнберг, Париз-Шарл де Гол, Санкт Петербург (од 25 март 2012), Штутгарт, Виена, Цирих Сезонски: Анталија, Милано-Малпенса, Палма де Мајорка (повторно од 5 април 2012), Рејкјавик-Кеблавик
Амстердам, Берген (од 28 април 2012), Дубровник (од 5 мај 2012), Женева, Гетеборг-Ландветер, Лондон-Хитроу (од 25 март 2012), Мадрид, Манчестер, илано-Малпенса, Неапол (од 31 март 2012), Ница, Нирнберг, Осло-Гардермен, Париз-Шарл де Гол, Стокхолм-Арланда, Штутгарт (од 25 март 2012), Венеција-Марко Поло (од 25 март 2012), Виена (од 25 март 2012), Цирих (од 25 март 2012)
Боа Виста, Фуертевентура, Херез де ла Фронтера, Ланзароте, Лас Палмас де Гран Канарија, Сал/Зеленортски Острови, Тенерифе-Југ Сезонски: Анталија, Бургас, Крф (од 5 мај 2012), Даламан (од 30 април 2012), Дубаи, Фаро, Ираклион (од 4 мај 2012), Хургада, Кос, Минорка, Палма де Мајорка, Родос (од 4 мај 2012)
Аеродром е оддалечен 8,5 километри северно од центарот на градот и 8 километри јужно од Нордерштет, во квартот Фулсбител. HVV, мрежата на јавен превоз на Хамбург, ја води линијата на S-Bahn (надземна железница) S1, која го поврзува аеродромот директно со центарот на градот, на секои десет минути. Патот до централната железничка станица одзема приближно 25 минути. По патишта, до аеродромот може да се стигне од А7, користејќи го B433, кој е третиот ринг. Возачите од источниот дел на градот мораат да возат низ Хамбург, бидејќи А7 води Север-Југ од Шлезвиг-Холштајн до Долна Саксонија.
Аеродромот е исто така поврзан со некои локални автобуски врски до соседните области, како и обичните автобуски услуги до градовите Кил, Нојминстер и Либек.
Такси возилата се наоѓаат на нивото на пристигнувања пред секој терминал.