Swiss International Air Lines или само Swiss е национална авиокомпанија на Швајцарија, која оперира на одредишта во Европа, Северна и Јужна Америка, Африка и Азија. Главна централа е аеродромот во Цирих. Авиокомпанијата е во сопственост на Германската авиокомпанија Луфтханза.
Авиокомпанијата беше формирана по банкротирањето на поранешниот Швајцарски национален авиопревозник Swiss Air. Загубите постоеја сè до почетокот на 2005, кога најголемите акционери во авиокомпанијата, Credit Suisse и UBS, склучија договор за продажба на дел од нивните акции на авиокомпанијата Cross Air, регионален сојузник на Swiss Air. Cross Air потоа го промени своето име во Swiss, и новиот национален авиопревозник започна со официјални летови на 31 март 2002 година.
До 2005 година, авиокомпанијата беше преполовена на половина од тоа што беше во 2002 година. Имаше годишни загуби, но постепено ги намалуваше, сè до 2006 година, кога оствари профит од 220 милиони долари. Профитот во 2007 година беше 570 милиони долари. На 22 март 2005 година, Луфтханза објави дека планира да го преземе управувачкиот пакет во компанијата и откупи за почеток 11% од акциите. Преземањето заврши на 1 јули 2007 година и операциите на Swiss постепено беа синхронизирани со операциите на Луфтханза. Авиокомпанијата исто така воспостави и регионална подружница, Swiss European Air Lines.
Погледни опширно, Swiss International Air Lines одредишта.
Авиокомпанијата објави зголемување на бројот на летови од аеродромот во Базел. Нови летови беа воведени до Барселона, Будимпешта, Манчестер, Ница, Прага и Варшава.