Адријан бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот во околу 1183 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
За неговото дело денеска многу малку се знае. На охридскиот престол се качил по заминувањето на Константин I или по неговатасмрт, најверојатно во 1183 година или пред тоа, и на таа позиција се задржал најверојатно некоја година по 1183 година. Не е познато кога починал. За него е познато тоа што дал решение за брак на византискиот цар Алексиј II Комнин, бидејќи претходно истиот му бил забранет од страна на цариградскиот патријарх Теодосиј.