Папуа Нова Гвинеја е поделена на 4 региони, кои опфаќаат 20 покраини, еден автономен регион (Бугенвил) и еден национален престолнински округ. Папуа Нова гвинеја не е федерација од покраини, туку унитарна држава, каде покраините се потчинети на централната власт.
Еве список на покраините во земјата:[1]
Земјата се дели на четири региони, кои играат значајна улога во секојдневниот живот. Неретко според нив се води организацијата на владините служби, подрачјата на стопанисување, спортските натпревари, па дури и политичките игри. Кај населението има силно чувство на регионална припадност, и постојат сериозни меѓурегионални соперништва. Честопати министрите и другите функционери се назначуваат од сите региони за да се запази рамнотежата.
Четирите региони се:
„Момасе“ е новосоздадена кованка составена од првите три букви од Моробе, Маданг и Сепик.