Адидас Ал Рихла (арапски: الْرِّحْلَة) е фудбалска топка со која се играло Светското првенство 2022 во Катар.[1][2][3][4][5] Топката е дизајнирана од страна на германскиот производител за спортска опрема Адидас. Топката содржи суспендирана инерцијална мерна единица во нејзиниот состав што му доставува на VAR судијата моментални, многу детални податоци за движењето на топката. Топката е дизајнирана за одржливост, бидејќи е првата официјална топка за Светско првенство произведена со еколошки мастила и лепила.[1][5]
Адидас ја претставил „Ал Рихла“ на 30 март 2022 година.[3][6] На презентацијата во Катар биле некои поранешни освојувачи на Светското првенство како Кака (Бразил) и Икер Касилјас (Шпанија), како и некој други фудбалери како Фарах Џефри (Саудиска Арабија) и Нуф Ал Анзи (Обединети Арапски Емирати).[7][8]