Автомобилските регистарски таблички во Македонија се состојат од сина лента во левиот дел од табличката на која стои код NМК (пред февруари 2019 МК), регионален код со две букви, правоаголно поле во кое се испишани регионалниот код и двозначниот алфа код на кирилица, четирицифрен бројчен код и двозначниот алфа код. (на пример: SK █ 1234 AB). Новите таблички започнале да се издаваат од 20 февруари 2012 година, најпрвин во Скопје, а потоа и во другите градови.
Цена за нова табличка изнесува 1.200 денари.[1]
Како последица на Преспанскиот договор, од февруари 2019 година на табличките наместо меѓунарониот код MK доделен од ISO се користи кодот NMK.[2]
Со најновите измени на Правилникот за регистрационите подрачја од 30 мај 2019 година, во Македонија има 34 регистрационо подрачје.[3] Во следната табела се подредени според нивниот латиничен код: