Автобуска несреќа кај ЛаскарциГрупа луѓе пред Инфо центарот на ГОБ „8 Септември“ чекаат информации за состојбата на пациентите |
Сумирани податоци за автобуската несреќа кај Ласкарци |
---|
Датум | 13 февруари 2019 |
---|
Вид | автобуска несреќа |
---|
Место | кај Ласкарци, Македонија |
---|
Патници | 51 |
---|
Жртви | 16[1] |
---|
Оператор | Дурмо турс |
---|
Дестинација | Скопје-Гостивар |
---|
Автобуска несреќа кај Ласкарци — автобуска несреќа која се случила на 13 февруари 2019 година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинале 16 лица.[2][3] Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.[4] На местото веднаш претрчале мештани од Ласкарци и околината.[5] За спасувањето биле мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом - Скопје“ и од приватните болници „Невромедика“ и „Систина“.[4][6] Несреќата допрела до целата македонска јавност. На друштвените мрежи се појавило неформално движење под мотото „Сите се возиме во ист автобус“, изразувајќи сочувство за несреќата и преку истото граѓани самоиницијативно на блиските на учесниците во несреќата им понудиле сместувања, храна.[7] Министерот за внатрешни работи Спасовски два дена по несреќата изјавил дека МВР дотогаш има покренато пет постапки за говор на омраза поврзани со несреќата.[8] Владата ги прогласила за ден на жалост 14 и 15 февруари.[2] На 14 февруари пак во Гостивар се оддржала комеморативна седница за загинатите во автобуската несреќа, на која присуствувале претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев,[9] и исто така била прогласена тридневна жалост на ниво на општината.
Реакции
- Бојко Борисов — „Со болка ја слушнав веста дека на патот Скопје - Тетово животот го загубија 14 лица. Им изразувам жалење на најблиските на загинатите и посакувам брзо заздравување на повредените“.[10]
- Со едноминутен молк започнала седницата на косовската влада.
- Павло Климкин — „Украина упатува искрено сочувство до семејствата на погинатите и им посакува поброзо оздравување на повредените во трагичната сообраќајна несреќа близу с. Ласкарци во Република Северна Македонија. Во овие тешки времиња Украинците се заедно со пријателскиот македонски народ“.
- Томас Герберих — „Длабоко ме погоди веста за тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово што се случи вчера вечер. Ви изразувам најдлабоко сочувство и од името на германската Амбасада. Нашето длабоко сочувство го упатувам особено до семејствата на жртвите“.
- Милорад Додиќ — „Сите нас во БиХ длабоко не потресе тажната вест за оваа страшна несреќа и загинувањето на голем број граѓани. Ве замолувам на семејствата на настраданите да им ги пренесете изразите на сочувство, а на повредените граѓани им посакувам искрени желби за што поскоро опоравување“.[11]
Наводи