Австралиска Антарктичката Територија (ААТ) — дел од Источен Антарктик управуван од Австралиската антарктичка дивизија, агенција на федералниот Оддел за земјоделство, вода и животна средина. Во 1841 година Обединетото Кралство ја прогласило Ендербиевата Земја за своја територија, која потоа била проширена и во 1933 година била пренесена во владение на Австралија. Ова е најголемата територија на Антарктикот која некоја нација ја поседува. Во 1961 година стапил на сила Антарктичкиот договор. Членот 4 се однесува на територијални претензии, кој иако не ги одзема или намалува поранешните тврдења за суверенитет, тој исто така не ја нарушува позицијата на договорните страни во нивното признавање или непризнавање на територијалниот суверенитет. Како резултат на тоа, само четири други земји - Нов Зеланд, Обединетото Кралство, Франција и Норвешка - го признаваат барањето на Австралија за суверенитет на Антарктикот.[1]
Површина
Австралиска Антарктичката Територија ги опфаќа сите острови и територијата јужно од 60°S и помеѓу 44°38'E и 160°E, без Аделина земја (136°E до 142°E), која ја дели оваа територија на западна AAT (поголемиот дел) и источна ААТ.[2] На запад се граничи со Земјата на кралицата Мод, а на исток со Росова Зависност. Австралиска Антарктичката Територија е најголема територија на континентот и зафаќа скоро 5,9 милиони квадратни километри,[3] што е околу 42% од Антарктикот.[4]
Територијата е претежно населена со работниците во истражувачките станици. Австралиската антарктичка дивизија управува со областа преку одржување на тригодишни станици - Мосон, Дејвис и Кејси - во кои се изведуваат различни истражувачки проекти.[5]
Административни единици
Територијата е поделена на девет области (од запад кон исток):[6]
Овие региони географски се поделени на две посебни области, при што Земјата на Џорџ V и Оутсовата Земја се наоѓаат на исток од прогласената француска територија Аделина Ленд, а сите други области се наоѓаат на запад.
Ексклузивна економска зона
Австралија полага право на ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) од австралиската антарктичка територија. Но, австралиската ЕЕЗ на Антарктикот е оспорена. Според член IV од Антарктичкиот договор од 1959 година (кој забранува нови територијални претензии или проширување на постоечките териториски права на Антарктикот) не може да се полага право на ЕЕЗ за територија која е прседмет на тој договор (јужно од 60°S). Со одредбите од Конвенцијата на Обединетите нации за морското право (UNCLOS) ексклузивната економска зона на крајбрежна држава се дефинира до 200 наутички милји (370 км) од основната линија од која се мери територијалното море.[7]
Лов на китови
Законот против ловење китови донесен од Австралиската влада се однесува на австралиските територијални води. Сепак, претензиите на Австралија за суверенитет над австралиската антарктичка територија - а со тоа и суверенитет над територијалните води на Австралискиот Антарктик - ги признаваат само Обединетото Кралство, Нов Зеланд, Франција и Норвешка.[8]
Станици
Активни и затворени станици на територијата, од Запад кон Исток:
На 9 јануари 1841 година Обединетото Кралство ја прогласило Викториината Земја за своја територија, а потоа во 1930 и Ендербиевата Земја. Во 1933 година, најголемиот дел од територијата јужно од 60°S и помеѓу 160° и 45° источен меридијан се дал во владение на Австралија.
Делот од владението на Неговото Височество во Антарктичките мориња што ги опфаќа сите острови и територии освен Аделината Земја, кои се наоѓаат јужно од 60-тиот степен на Јужна географска широчина и лежат помеѓу 160-от степен од источната географска должина и 45-от степен од источната географска должина, со ова се става под надлежност на Комонвелтот на Австралија.[9]
Закон за прифаќање на австралиската антарктичка територија од 1933 годинаДелот од територијата во антарктичките мориња кој се состои од сите острови и територии, освен Аделината Земја, сместени јужно од 60-тиот степен јужна географска ширина и кои се наоѓаат помеѓу 160-тиот степен источна географска должина и 45-тиот степен источна географска должина, со ова се прогласува за прифатен од Комонвелтот како Територија под власт на Комонвелтот, под името Австралиска Антарктичка Територија.
Границите со Аделината Земја биле маркирани во 1938 година. Во 1947 година, Британија ги придодала и островот Херд и Мекдоналд островите кон ААТ. На 13 февруари 1954 година,[10] била основана првата австралиска станица на континентот - Мосон.
Признавање на австралискиот суверенитет
Австралискиот суверенитет над Австралиска Антарктичката Територија е признат од Обединетото Кралство, Нов Зеланд, Франција и Норвешка.[11] Јапонија не го признава австралиското право врз Австралиските антарктички територијални води во кои јапонските бродови ловат китови.
Рударство на Антарктикот
Во текот на 1980-тите имало кратка дебата во Австралија за тоа дали да се дозволи рударството на континентот богат со минерали.[12] Дадени биле неколку предлози за рударство и сите се отфрлени.[13]
Глобалниот договор за забрана на експлоатација на ресурси ќе биде ревидиран во 2041 година,[14] и некои држави ќе може да одлучат да се повлечат од него ако се земат предвид минералните наоѓалишта на континентот. Таму има јаглен, манган, железо и ураниум, додека проценетите нафтени резерви Антарктикот се меѓу најголемите во светот по Саудиска Арабија и Венецуела.
Поштенски марки
Австралија издава поштенски марки за Австралиска Антарктичката Територија. Првите марки се појавиле во 1957 година, а потоа повремени се издавале до 1990-тите. Тематиката на марките е Антарктикот и важат за поштенски услиги во Австралија и нејзините територии, заедно со Антарктикот.
Телефонски повикувачки броеви
На ААТ доделен е повикувачкиот број +672 1[0-4] XXXX. Подрачните броеви се 10 за Дејвис, 11 за Мосон, 12 за Кејси, 13 за Остров Мекквари и 14 за Вилкинс и Аурора Аустралис, по кои секогаш следуваат четири цифри.
Население
До мај 2018 година ААТ имала население од околу 80 луѓе во текот на зимата и 200 во текот на летото.[15]
↑The Parliament of the Commonwealth of Australia (2018). Maintaining Australia’s national interests in Antarctica: Inquiry into Australia’s Antarctic Territory. Joint Standing Committee on the National Capital and External Territories.
↑Antarctica and international law: a collection of inter-state and national documents, Volume 2. pp. 143. Author: W. M. Bush. Editor: Oceana Publications, 1982. ISBN0-379-20321-9, ISBN978-0-379-20321-9
↑„Mining“. In the 1980s the question of possible mineral exploitation (including the hydrocarbons oil and gas) was addressed by the nations of the Antarctic Treaty. They negotiated an agreement called the Convention on the Regulation of Antarctic Mineral Resource Activities (CRAMRA) which would have regulated mining should it have ever been contemplated. CRAMRA did not come into force. Instead, the Madrid Protocol was negotiated and it includes a ban on Antarctic mining. Australian Government. Посетено на 26 June 2013.
↑„No mining in Antarctica, say Aussies“. Despite the current global appetite for minerals, which has underpinned two decades of economic growth in Australia, the country currently has no plans to allow any mining in Antarctica. IOL. Посетено на 26 June 2013.
↑Swan, Robert. „2041“. In the year 2041 the Protocol on Environmental Protection to the Antarctic Treaty could potentially be modified or amended. 2041.com. Архивирано од изворникот на 5 August 2013. Посетено на 26 June 2013.
↑The Parliament of the Commonwealth of Australia (2018). Maintaining Australia’s national interests in Antarctica: Inquiry into Australia’s Antarctic Territory. Joint Standing Committee on the National Capital and External Territories