Џамијата Хаџи Махмуд-бег — муслимански храм кој се наоѓа во Битола, Македонија.
Џамијата била изградена во 1521/1522 година, додека била реновирена во 1873 година. Таа се наоѓа во Рибниот пазар, во Старата чаршија на левата страна од реката Драгор.
Џамијата била изградена по наредба на управникот на градот Хаџи Mахмуд-бег, познат како Томрук-ага, кој основал вакаф што се состоел од сума од 300.000 аспри, недвижен имот и приходи од неколку населби. Медресата 'Турклер' и анот биле дел од комплексот, a џамијата била изградена во селџучки стил со основа од 11,50 м x 11,50 м и минаре со полихромни украси[1].
За време на Првата светска војна куполата на џамијата била оштетена поради интензивното бомбардирање, а шерефето на минарето било уништено во земјотресот кој се случил во градот во 1996 година.[2]
Обновата на џамијата почнала во 2019 година и се очекува да биде завршена во 2022 година. Работите на обновата (реставрацијата) ги врши турската приватна компанија „Леда ресторасион“ за Агенцијата Анадолија.[2]
|date=