Јужноамериканско првенство во фудбал 1922 — 6-то издание на првенството кое денес е познато како Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Бразил од 17 септември — 22 октомври1922 година.
На турнирот учествувале 5 репрезентации. Турнирот бил освоен од страна на Бразил, второто место припаднало на репрезентацијата на Парагвај а третото на репрезентацијата на Уругвај.
Хуан Франкија, репрезентативец на Аргентина, бил најдобар стрелец со четири голови.