Јохан Лудвиг Емил Дрејер

John Louis Emil Dreyer.

Јохан Лудвиг Емил Дрејер (дански: Johan Ludvig Emil Dreyer) или Џон Луис Емил Дрејер (англиски: John Louis Emil Dreyer); 13 февруари 1852 - 14 септември 1926) — истакнат данско-ирски астроном.[1][2]

Живот

Роден е во Копенхаген, Данска. Татко му бил генерал-потполковник Јохан Кристофер Дрејер[3] — министер за војна и морнарица на Данска. На возраст од 14 години почнал да се интересира за астрономијата и редовно го посетувал Ханс Шјелеруп во Копенхашката оперваторија.[4] Се образувал во Копенхаген, но во 1874 г. се преселил во Парсонстаун, Ирска. Таму работел како помошник на лордот Роуз (син и наследник на лордот што го изградил телескопот „Парсонстаунски левијатан“).

Во 1878 г. се преселил во Дансинк, на местото на опсерваторијата на колеџот „Тринити“ при Даблинскиот универзитет и се вработил кај Роберт Ставел Бол. Во 1882 г. повторно се преселил, овојапат кај опсерваторијата во Арма и бил нејзин директор сè до пензионирањето во 1916 г. Во 1885 г. станал британски државјанин. Во 1916 г. со сопругата се преселиле во Оксфорд, каде Дрејер работел на неговото 15-томно издание на делата на Тихо Брахе.

Во 1916 г. бил награден со Златниот медал на Кралското астрономско друштво и претседателствувал со друштвотро од 1923 до 1925 г. Починал во 1926 г. во Оксфорд.

Во негова чест е наречен кратерот „Дрејер“ на темната страна на Месечината.

Дела

Неговиот најголем придонес за астрономијата е монументалниот „Нов општ каталог“ (NGC) на маглини и ѕвездени јата (заснован на Каталог на маглини на В. Хершел), чии бројчени ознаки се користат до денес, како и дополнителните „Индекс-каталози“.

Дрејер се занимавал и со историјата на астрономијата. Во 1890 г. објавил биографија на познатиот дански астроном Тихо Брахе, а подоцна работел како уредник на неговите дела и необјавени дописки. Друго позначајно негово дело е „Историја на планетарните системи од Талес до Кеплер“ (History of the Planetary Systems from Thales to Kepler, 1905).

Заедно со Херберт Хол Тарнер работел на делото „Историја на Кралското астрономско друштво 1820-1920“ (History of the Royal Astronomical Society 1820–1920).[5]

Поврзано

Наводи

  1. „obit. Dr. J. L. E. Dreyer“. Nature. 118 (2969): 454–455. 25 септември 1926. Bibcode:1926Natur.118..454.. doi:10.1038/118454a0.
  2. DREYER, John Louis Emil. Who's Who. 59: 508. 1907.
  3. Hockey, Thomas (2009). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer Publishing. ISBN 978-0-387-31022-0. Посетено на 22 август 2012.
  4. „Obituary Notices: Fellows:- Dreyer, J. L. E“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 87: 251. февруари 1927. Bibcode:1927MNRAS..87..251.
  5. „Кралско астрономско друштво (RAS)“. Енциклопедија „Британика“. (англиски)
  • Alexander, A. F. O'D., "Dreyer, Johann Louis Emil," Dictionary of Scientific Biography 4:185-186.
  • J. L. E. Dreyer, A History of Astronomy from Thales to Kepler, 2nd edition, Dover Publications, 1953.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!