Јохан Готфрид Пифке
Реклама од 1844 за музички настан во организација на Пифке
Јохан Готфрид Пифке (германски : Johann Gottfried Piefke ; 9 септември 1817 – 25 јануари 1884) — германски диригент , капелмајстор и композитор на воени маршеви , значаен претставник на пруската , а со тоа и германската воена музика.
Роден е во Шверин на Варта во Велекнежевство Позен (денешна Сквјежина, Полска ). Во 1850-тите служел како диригент во VIII Пешадиски полк во Берлин, каде воедно и компонирал воена музика. Меѓу неговите познати маршеви се вбројуваат „Пруска слава “ (Preußens Gloria ), „Марш на дибелските ровови“ (Düppeler Schanzen-Marsch ) и „Кенигрецки марш “ (Königgrätzer Marsch , искомпониран по битка кај Садова (Кениграц) во 1866, решавачкиот судир во Австриско-пруската војна ).
Пифке направил и аранжман на симфониската поема „Тасо“ од Франц Лист за воен оркестар, како и аранжмани на други Листови маршеви.
Починал во Франкфурт на Одра . Во септември 2009 во чест на Пифке е поставена „звучна скулптура“ од кортенски челик во местото Генсендорф , кајшто композиторот во 1866 раководел со воен оркестар заедно со брат му Рудолф[ 1] [ 2]
Одликувања
Пифке е одликуван со следниве медали:
„Дибелски ударнички медал“, 1864
„Златен медал на австроунгарскиот цар“, 1865
„Кралски орден на династијата Хоенцолерн “, 1869
„Железен крст “ II класа, 1870
„Орден на Пруската круна“, 1880
Занимливости
Кениграцкиот марш бил еден од омилените маршеви на Адолф Хитлер и затоа често се свирел на јавните собири и дефилеа кајшто присуствувал.
Наводи