Јачков Рид - Селиште — археолошко наоѓалиште во околината на местото Костин Дол кај градот Македонска Каменица.
Претставува населба од неолитско и римско време.
Во непосредната близина на куќата на Тодор Јачков, на ниска чука, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и коскени орудија и фрагменти од дислоциран куќен лепеж. Најдено е и четвртесто тавче, со реципиент во едното ќоше, кое се чува во Заводот и музеј во Штип. Во подножјето на ридот, на поголем простор, исто така се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од градежен материјал.[1]
Поврзано
Наводи