Фрлавиште — археолошко наоѓалиште во село Цера, општина Македонска Каменица. Претставува населба од доцноантичко време. На јужното подножје на чуката-манастир, на површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во нивата на еден селанец е откопан голем питос.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 183. ISBN 9989649286.