Јаворска Вода — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Лазарополе. Претставува населба од железното време и средновековна некропола. Се наоѓа на околу 4 км југозападно од селото, во приватна нива, која е во непосредната близина на изворот на т.н. машка лековита вода,каде уште во 1952 година со стрмењето за лозја биле откриени 60 гроба градени од камени плочи -тип циста, поставени во правец исток-запад. Истата година Археолошкиот музеј на Македонија извршил заштитно ископување. Денес на површината се наоѓаат фрагменти од керамички садови и остатоци од куќен лепеж. Наодите се депонирани во Музејот на Македонија.[1]
Поврзано
- Главино Село — населба и некропола од средниот век;
- Јама — утврдување од средниот век;
- Каптажа — некропола од средниот век;
- Оралиште — некропола од средниот век;
Наводи