Second Toughest in the Infants е албум на Underworld од 1996 година.
Овој албум е првиот албум на Underworld што може да се класифицира како прогресив хаус, односно мешавина од техно, прогресив рок, како и некои други влијанија.
Необичното име на албумот („Втор најдобар меѓу бебињата“) доаѓа од еден коментар на шестгодишниот внук на Рик Смит, Сајмон Просер, кога го прашале како е на школо. „Бебињата“ се однесува на градинка за деца од четири до седум години во Велика Британија.
Сите песни се од Дарен Емерсон, Карл Хајд и Рик Смит, освен ако нема забелешка.
По издавањето на „Born Slippy .NUXX“ како сингл, албумот излегол повторно со второ ЦД: