Move to the Beat (македонски: Играј во ритамот на Лондон 2012) е името на промотивната кампања на Кока-Кола за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[1] Песната "Anywhere in the World", од Марк Ронсон и Кети Би е "центарот" на кампањата.[1]
Спонзорирана од страна на Кока-Кола, кампањата Move to the Beat црпи инспирација од музиката на Лондон и се надева на поврзување на младите луѓе, претежно тинејџерите, со Олимписките игри.[2] Кампањата била официјално претставена во септември 2011 година.[3] Пет спортисти, избрани да ги изразат "вредностите на позитивност и оптизизам кои се во срцето на Кока-Кола и на олимпиското движење", ќе бидат амбасадори на Move to the Beat кампањата. Амбасадори на кампањата се теквондиската Марија Еспиноза (23 години), Сингапурскиот стреличар Дајан Џафар (17 години), Британскиот натпреварувач во пинг-понг Дариус Најт (21 година), Американскиот спринтер Дејвид Оливер (29 години), и Руската спринтерка Ксенија Вдовина (24 години).[2]