Fine Young Cannibals (понекогаш скратено: FYC; транскрипција: Фајн јанг канибалс) ― англиска поп-рок група основана во Бирмингем во 1984 година. Групата ја основале басистот Бит Дејвид Стил, гитаристот Енди Кокс[5] и пејачот Роланд Гифт.
Во 1990 година, групата освоила две Британски музички награди: „Најдобра британска група“ и „Најдобар британски албум“ (за The Raw & the Cooked ).[6]
Историја
Групата била основана во 1984 година, по распаѓањето на групата The Beat во која претходно свиреле Кокс и Стил.[5] Групата била именувана по филмот од 1960 година Сите убави млади канибали, со Роберт Вагнер и Натали Вуд во главните улоги.[7] Нивниот прв албум Fine Young Cannibals (1985) ја содржел песната „Johny Come Home“ и преработка на „Suspicious Minds“ од Елвис Пресли; двете песни се пласирале во топ-40 на топ-листите за синглови во Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Европа.[8]
Нивниот албум од 1989 година, The Raw & the Cooked, се искачил на врвот на топ-листите за албуми во Обединетото Кралство, САД, Австралија и Канада и содржел две песни кои биле на прво место на Billboard Hot 100: „She Drives Me Crazy“ и „Good Thing“.[8]
Fine Young Cannibals се распаднале во 1992 година, но накратко се вратиле во студио во 1996 година за да снимат нов сингл, „The Flame“, за компилацијата со најголеми хитови The Finest.[8]
↑ 5,05,1Chris Heim (8 September 1989). „Fine Young Cannibals and Cherry are success stories“. Chicago Tribune (NORTH SPORTS FINAL, CN. изд.). стр. 6. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „trib“ е зададен повеќепати со различна содржина.
↑ 8,08,18,2Strong, Martin C. (2000). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 343–344. ISBN1-84195-017-3. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „The Great Rock Discography“ е зададен повеќепати со различна содржина.