Групата A Tribe Called Quest се здобила со популарност како член на колективот Native Tongues, кој тие го коосновале во 1988 година. Првиот албум на групата, People's Instinctive Travels and the Paths of Rhythm (1990) бил пофален од критиката и бил прв албум во историјата кој добил оцена од пет „микрофони“ од The Source.[11][9] Во 1991 година, групата имала успех во продажбата на нивниот втор албум со примеси на џез, The Low End Theory, албум кој силно влијаел во обликувањето на алтернативниот хип-хоп во 1990-тите.[12] Потоа групата ги објавила подеднакво успешните и влијателни албуми: Midnight Marauders (1993) и Beats, Rhymes and Life (1996), кои биле на врвот на Billboard 200. Во 1998 година, непосредно пред да го издаде својот петти албум The Love Movement, групата се распаднала. Во 2006 година, членовите на групата повторно се обединиле и следните седум години ги поминале во повремени турнеи. Во 2016 година, групата го издала нејзиниот шести и последен албум, We Got It from Here...Thank You 4 Your Service, кој добил признание од критиката и станал нејзин втор албум на врвот на Билборд 200; на него биле објавени и постхумните дела од Фајф Дог, кој починал осум месеци пред неговото објавување.[13]
A Tribe Called Quest била комерцијално најуспешна група во Native Tongues, а сите нивни албуми имаат или златен или платинест сертификат.[14] Џон Буш од AllMusic ги нарече „најинтелигентна, уметничка рап-група во 1990-тите“, [15] а Крис Екс од Pitchfork ги сметал за „едни од најдобрите изведувачи кои ги создал хип-хопот воопшто“. [16] Во 2005 година, A Tribe Called Quest добила „Награда за основачи“ на Billboard R&B/Hip-Hop Awards,[17] а две години подоцна групата добила награда на 4-то доделување на наградите Hip Hop Honors организирани од VH1.[18] Во 2017 година, групата ја добила Брит награда за меѓународна група.
People's Instinctive Travels and the Paths of Rhythm (1990)
The Low End Theory (1991)
Midnight Marauders (1993)
Beats, Rhymes and Life (1996)
The Love Movement (1998)
We Got It from Here... Thank You 4 Your Service (2016)
Наводи
↑Tate, Greg (2004). „Diatribe“. Во Cepeda, Raquel (уред.). And It Don't Stop: The Best American Hip-Hop Journalism of the Last 25 Years. Farrar, Straus and Giroux. стр. 155. ISBN9781466810464.