Линија 7 |
---|
Преглед |
---|
Превозник | ЈСП Скопје |
---|
Тип на линија | градска линија |
---|
Возила | Јутонг |
---|
Состојба | сообраќа |
---|
Воведена | 2010 (продолжена рута) |
---|
Бр. на постојки | 25 (кон Карпош 3) 26 (кон Горно Лисиче) |
---|
Траса |
---|
Град | Скопје |
---|
Минува низ населбите
- Горно Лисиче, Лисиче, Аеродром, Мичурин, Пролет, Дебар Маало, Ново Маало, Центар, помеѓу Буњаковец и Дебар Маало, помеѓу Тафталиџе I и Карпош I/Карпош II, Карпош III
|
Почеток | Горно Лисиче, Карпош III |
---|
Крај | Карпош III, Горно Лисиче |
---|
Времетраење на кругот | 80 мин. |
---|
Сообраќање |
---|
Честота | 10-15 мин. |
---|
Честота (викенди) | 20-30 мин. |
---|
Дневни часови | 05:00 - 24:00 ч. |
---|
Ноќни часови | 0:15 - 04:25 ч. |
---|
Билет | 35 ден. |
---|
Возен ред и податоци |
---|
Возен ред на линијата 7 со календар |
|
7 е редовна автобуска линија на ЈСП Скопје која вози од Горно Лисиче - Хемтекс до Карпош 3 и обратно.
Линија
Линијата број 7 започнува од станицата Хемтекс, односно по улицата Лисец. Потоа се приклучува на улицата Горно Лисиче. Вози по улицата Мите Богоевски и се приклучува на булеварот 12-та Македонска бригада во населбата Лисиче. После три автобуски станици (стојалишта) од тој булевар, 7ка вози по булеварот 3та Македонска бригада, сè до исклучувањето на улицата Беласица. Од таа улица се пренасочува на Кузман Јосифовски - Питу и врти лево за да се приклучи на булеварот Кочо Рацин. Потоа линијата оди десно со што вози по улицата 11 Октомври, улица која понатаму продолжува како Димитрија Чуповски односно пат во средишното градско подрачје. Од Димитрија Чуповски, врти десно по булеварот ВМРО или по булеварот Свети Климент Охридски за да се приклучи на булеварот Партизански Одреди. На тој булевар минува низ шест автобуски постојки и се исклучува на улицата МАНАПО, каде се наоѓа крајна станица на линијата 7. Оттука, како почетна станица од Карпош 3, линијата вози по МАПАПО и вртејќи десно се приклучува на булеварот Илинден. Од Илинден, линијата врти десно по улицата Бледски договор (улицата покрај 8-ми Септември). Оттаму линијата повторно вози по Партизански одреди назад до Горно Лисиче по веќе спомената рута.
Поврзано
Наводи
|
---|
| Градски | | |
---|
| Приградски | |
---|
| Ноќни | |
---|
| Договорни | |
---|
|