707-от баталјон за посебни мисии е специјална единица во војската на Република Кореја (Специјална Воена Команда).
Историја
Единицата била формирана по Минхенскиот масакар, кој ја принуди владата на Јужна Кореја да создаде контра-терористичка единица за време на Олимпијадата во 1988 што се одржала во Јужна Кореја. Единицата имала околу 200 мажи и жени организирани во две нападни групи, една група за поддршка, и женска група која може да ги користи како телохранители или за операции каде што е потребно да не бидат откриени.[1][2]
707-миот БСМ, исто така, е повикан од страна на владата на Јужна Кореја за да се даде приоритет на потенцијалните контра-терористички операции против сите можни закани на Јужна Кореја.[3] Единицата на Јужна Кореја има приоритет кон контра-терористички операции и брза реакција со употреба на сила. Војниците на единицата – познати по својата црна берета (пред стандардизација на црната берета за сите активни војници) – се задолжени со спроведување на урбаните контра терористички мисии, ја сочинуваат армијата и се дел од групата за брза-реакција и силата за итни случаи.[4] The battalion's nickname is 'White Tiger.'[5] Прекар на баталјонот е "Бел Тигар".
Модулот исто така имал мал број на жени во групата оперативци. Тие се користат во контра-терористички операции каде застапеноста на жената не се гледа како закана пред терористот.
Обука
Процесот на приклучување обично вклучува регрути од различни гранки на вооружените сили на Република Кореја кои аплицираат и се обидуваат да станат членови на елитните сили. Други се избрани од страна на нивните претпоставени во разните гранки на војската и исто така квалифицираат како нивните колеги. Процесот на селекција е многу ригорозен. Првите кандидати ќе бидат подложени на проверка, а потоа ќе поминат 10-дневна процедура во која се елиминирани 90% од пријавените.
Сите членови на 707. се СКУБА и квалификувани падобранци. Се известува дека членовите често вршат дневни вежби на ниски температури во снег и ќе пливаат во ладни езера без никаква топлинска заштита.[6]
Баталјонот на 707-та специјална единица се обучува со странски партнери, како што се Делта силите на САД, ФБИ ХРТ, британски САС, руската Алфа група, францускиот ГИГН, канадскиот ЏТФ2, Хонгконг СДУ и сингапурскиот СТАР. Целта е да се доживеат и да се зголемат односите и размена со заедниците на меѓународните специјални сили.[7][8]
Баталјонот, исто така, поседувал и управувал со комплексна обука за борба против тероризмот за специјална воена команда на Армијата на Република Кореја и е домаќин на мулти-национална обука за борба против тероризмот.[9]
Наводи
Надворешни врски