4Q166 (или 4QpHosa; Коментари на Осија; Pesher Hoshe`a), познат и како Свиток со коментари на Осија, е еден од Свитоците од Мртвото Море најден во пештерата 4 кај Кумран на западниот брег. Пергаментот на кој е напишан 4Q166, со големина 17.5 cm на 16.8 cm, се проценува дека е од првиот век п.н.е. Овој ракопис е поголем од двата неповрзани фрагменти на коментари на Осија најдени во пештерата 4. Текстот, ко је идентичен на коментарите на Псалмите, се од рустикален, полуформален тип од времето на Иродската династија.[1]
Содржина
Текстот содржи коментари на библиски стихови од Книга на пророкот Осија (Осија 2:8-14). Стиховите кои тука се дадени The verse presented here се однесуваат на врската меѓу Господ, сопругот на Израел и неверната жена. Во коментарите, неверните биле одведени настрана од „мажот на лагите“. Документот се тврди дека неволјата која ги погаѓа оние што згрешиле е глад. Иако овде зборот „глад“ може да е метафора, сепак може да се однесува на вистинска суша што се случила во тоа време.[1]
Објавување
Свитокот со коментарите на Осија за првпат е објавен од Џ. Алегро во петтиот том од серијалот „Откритијата во Јудејската пустина“.[2]
Во 1979 година, М. Хорган објавил дело со сите коментари, каде вклучил фрагменти од коментарите на Осија.[3]