Правило на благословот

Дел од „Правило на благословот“

Правило на благословот (1QSb) е  фрагмент за кој се сметало дека е дел од свитокот Правило на заедницата, најден во пештерата 1 кај Кумран.  Дел е од Свитоците на Мртвото Море. Свитокот е еден од двата додатока (заедно со есхатолошкиот свиток Правило на конгрегацијата), кои следат по книгата Правило на заедницата, што е еден од првите седум свитоци откриени кај Кумран. 

Правило на благословот содржи три куси инвокации на Бога, што би требало да се употребат за време на крајот од времето: една за генерално собрание на племето на Израел, каде се опишува некој вид на „жива вода“ која ги носи во новсојуз со Господ, а втората се однесува на синовите на Задок, кои се одбрани од Бога да делуваат како „ангели“ и да го водат Израел по Војната. Третата се однесува на месијата, кој треба да се појави во Израел. Слични молитви има во другите свитоци. Некои сметаат дека овој ракопис содржел збирка на молитви за општа, секојдневна употреба.

Литература

  • Phillip R. Davies, George J. Brooke and Phillip R. Callaway. "The Complete World of the Dead Sea Scrolls," London: Thames and Hudson, 2002.
  • Michael O. Wise, Martin G. Abegg Jr., and Edward M. Cook. "The Dead Sea Scrolls: A New Translation," San Francisco: HaperSanFrancisco, 2005.
  • Lawrence H. Schiffman, The Eschatological Community of the Dead Sea Scrolls. Atlanta: Scholar’s Press, 1989.
  • Lawrence H. Schiffman, “Rule of the Congregation.” The Encyclopedia of the Dead Sea Scrolls. Ed. Lawrence H. Schiffman and James C. Vanderkam. Oxford: Oxford University Press, 2000. 797-798.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!