33 (скопска автобуска линија)

Линија 33
Преглед
ПревозникЈСП Скопје
Тип на линијаприградска линија
ВозилаЈутонг
Состојбасообраќа
Воведена2015
Бр. на постојки20 (кон Капиштец)
19 (кон Долно Лисиче)
Траса
ГрадСкопје
ПочетокДолно Лисиче, Капиштец
КрајКапиштец, Долно Лисиче
Времетраење на кругот80 мин.
Сообраќање
Честота (викенди)нема
Ноќни часовинема
Билет35 ден.
Возен ред и податоци
Возен ред на линијата 33 со календар

33 е редовна автобуска линија на ЈСП Скопје која вози од Долно Лисиче до Капиштец и обратно.

Линија

Линијата број 33 започнува од местото Чатал, односно по улицата Маршал Тито. Потоа се приклучува на патот Долно Лисиче-Горно Лисиче, пат кој потоа продолжува како улица Горно Лисиче. Вози по улицата Мите Богоевски и се приклучува на булеварот 12-та Македонска бригада во населбата Лисиче. После три автобуски станици (стојалишта) од тој булевар, 33ка вози по булеварот 3та Македонска бригада, сè до исклучувањето на улицата Беласица. Од таа улица се пренасочува на Кузман Јосифовски - Питу и врти лево за да се приклучи на булеварот Кочо Рацин. Потоа линијата оди десно со што вози по улицата 11 Октомври, улица која понатаму продолжува како Димитрија Чуповски односно пат во средишното градско подрачје. Од Димитрија Чуповски, врти лево по булеварот Свети Климент Охридски и кратко на булеварот Мајка Тереза за да се приклучи на булеварот Свети Кирил и Методиј. На тој булевар кратно минува и се пренасочува на почетокот на улицата Народни херои, односно кај местото Цветен пазар/Дом на Печат. Тргнувањето од Дом на печат/Капиштец е по истата рута.

Поврзано

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!