1783
|
Шпанија ја призна независноста на САД.
|
1882
|
Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
|
1923
|
Грција станува република.
|
1949
|
Во Скопје е основан Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, од 1953 г. наречен „Танец“.
|
1972
|
Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.
|
1976
|
Во Аргентина е извршен воен удар против претседателката Исабел Перон.
|
1980
|
Салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро е убиен од страна на десничарски терористи.
|
1990
|
Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две и пол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо.
|
1993
|
Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел.
|
1997
|
Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година - „Спасител '97“.
|
1997
|
Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
|
1999
|
Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово.
|
1999
|
39 луѓе загинаа кога белгиски транспортен камион кој превезувал брашно и маргарин се запалил во тунелот Монблански тунел.
|