Марија Естела Мартинес де Перон или Исабел Мартинес де Перон (шпански: María Estela Martínez de Perón; родена на 4 февруари 1931 година во Ла Риоха) — третата сопруга на аргентинскиот претседател Хуан Перон. После смртта на нејзиниот сопруг таа станала прва жена претседател во историјата на светот, служејќи како Претседател на Аргентина од 1 јули 1974 до 24 март 1976 година.
Животопис
Исабел е родена во аргентинскиот град Ла Риоха[1]. Хуан Перон ја запознал за време на прогонството во Панама[2], каде работела како танчерка во ноќен клуб. Исабел и Хуан стапиле во брак во 1960 година во Шпанија[2].
Во 1973 година Хуан се вратил во Аргентина и се кандидирал за претседател, и ја избра Исабел Перон како потпретседателски кандидат. Перон се надевал дека народот ќе ја прифати исто како Ева Перон, но тоа не случило.
После смртта на сопругот, таа го наследила како претседател, но се испоставило дека нема никаков авторитет. Аргентина сè повеќе тонела во нереди и економска криза, а перонистичкото движење се поделило на лева и десна фракција, чији пресметки прераснале во војна.
Во 1976 година војската извршила воен удар и пет години ја држела во куќен притвор. После тоа таа заминала во егзил во Шпанија, каде и денес живее.
Во 2006 година во Аргентина започнала истрага поради нејзина вмешаност во ликвидација на 500 и исчезнување на 600 левичарски политичари и активисти во периодот 1973—1976 година[3]. На 12 јануари 2007 година била уапсена во Мадрид по барање на Аргентина[4]. Шпанскиот суд го одбил барањето за екстрадиција на Аргентина[5].
Наводи
Надворешни врски