Американските космонаути и членови на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 17“ стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма „Аполо“.
Во Скопје повеќе од 60 делегати младинци одржаа Основачко Собрание и ја конституираа организацијата „Млади социјалисти“, како подмладок на Социјалистичката партија на Македонија.
Во Њујорк е уапсен Бернард Мадоф, човекот кој преку пирамидални инвестициски измами успеал да проневери скоро 65 милијарди долари од инвеститорите. Осуден е на 29 јуни 2009 г. на 150 години затвор без право на помилување.