Чипровци (бугарски: Чипровци) — гратче во северна Бугарија, административен центар на општината Чипровци во Монтанската Oбласт. Има население од околу 1.571 жители (2022).[1]
Чипровци се наоѓа на 505 m надморска височина во тесна долина во Западна Стара Планина долж горниот тек на реката Огоста, опкружена со Чипровска Планина на југозапад и Јазова Планина. Гратчето се наоѓа на 49 км северозападно од регионалниот центар Монатана.
Чипровци уште од средниот век бил рударско-металуршки центар[2], еден од најзначајните рударски центри за сребро и злато на Балканот[3]. Во првите векови од османлиското владеење, рудниците кај Чипровци привлекувале католички германски рудари − главно дунавски Германци.[4] Заедно со рударите, фрањевските монаси дојдоле во Чипровци и градот станал просперитетен мисионерски центар на католичката вера со првиот манастир во оваа област. Во овој период градот економски се развивал, а османлиските власти му дале поголеми права и слободи од кој било друг центар во Бугарија во тоа време.
Во 1688 година жителите на градот организирале Чипровското востание кое завршило со пораз − турските трупи го срамниле градот со земја, жителите биле убиени или заробени.[2] Градот останал ненаселен 30 години. На почетокот на 18 век, градот повторно се родил и станал центар на традиционалното производство на килими.[2][3]