Света Петка — манастирска црква на Подарешкиот манастир „Св. Петка“.
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Во крајниот дел од јужната страна, непосредно до апсидата, има врамена вертикална фреска на којашто е прикажана Света Петка. Објектот е изграден од тули, а куполата во целост е обоена во бела боја. Храмот е покриен со кров од ќерамиди.
Галерија
-
Поглед на црквата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Куполата
-
Апсидата
-
Фреска на Света Петка
Поврзано
Надворешни врски