Свети Никола — главна селска црква во селото Царев Двор, Општина Ресен, Македонија.[1]
Местоположба
Се наоѓа во северниот дел на селото Царев Двор.
Историја
Црквата била подигната во 1875 година.
На источната страна од црквата има камен со натпис 1837 и други зборови.Според истражување на завод завод и музеј Битола црквата е градена на темели на стара црква.[2]
Во црквата постои спомен-соба, а на нејзината источна страна и спомен-плоча поставена на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ - Ресен на која пишува:
„
|
Во тремот на оваа црква живееше од есента 1941 година до пролетта 1942 година и оттука неуморно работеше на јакнење на партиската организација и подготовките за вооружено востание во Преспа, инструкторот на ПК на КПЈ за Македонија, Јосиф Јосифовски-Свештарот
|
“
|
Легенда
Легендата за градењето на оваа црква вели дека селаните наумиле да градат своја црква, турските власти не дозволувале. Тогаш, селаните се послужиле со невообичаен трик. Земале еден камен и на него исклесале крст. Есента истиот камен го закопале во земја, на местото каде што сакале да подигнат црква. Пролетта, кој знае по кој пат, отишле кај надлежните турски власти со своето барање и им рекле дека ако се копа на посоченото место ќе има „божји знак“. Турците на крајот попуштиле и дозволиле да се копа на местото, а кога бил најден и каменот, била дозволена и градбата на црквата.
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски