Свети Илија — македонски православен манастирски црковен храм во скопското село Виниче.[1] Црквата е единствена во Виничкиот манастир кој е познат по оревот од кој извира света вода.[2]
Храмот бил изграден околу 1900 година на една доминантна височинка во Долна Маала.Претходно на тоа место бил поставен стар исклесан крст од камен, како симбол на христијанството и прославата на празникот Илинден, кој традиционално, секоја година се паѓа на 2 август. Тука се сместени и селските гробишта, кои порано се наоѓале во селото Црешево. Црквата е целосно обновена 2003 година од страна на месното население.
Наводи
Цркви во Општина Гази Баба |
---|
| | | |
---|
| |
|