Црквата се наоѓа на самото сретсело, веднаш до некогашниот задружен дом.
Историја
Црквата посветена на Свети Димитриј била подигната веднаш по завршувањето на Првата светска војна.[2] Сепак, на натписна плоча на самата црква стои годината 1897, што укажува дека најверојатно црквата била подигната уште тогаш.
Камбанаријата на храмот била подигната од иселеници во Америка во 1928 година.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.