Храмот е гробишна црква изградена во XVII век и сместена на самиот источен влез во селото, од левата страна на патот. Претставува мала еднокорабна градба со правоаголен облик која на исток завршува со тристрана апсида од надвор. Како жртвеник служи мала полукружна ниша во источниот ѕид, која нема излез нанадвор. Црквата е засводена, со издолжен полуцилиндричен свод кој непосредно се потпира на страничните ѕидови. Над оваа конструкција е вообичаениот калкански покрив од камени плочки. Олтарната апсида е покриена со правилна полукалота и исто така со камени плочки. Влезот е од запад и над него има полукружна ниша. На јужната фасада има мало правоаголно прозорско окно. Ѕидаријата е од камен и кал.[2] Во поново време на запад е доградена припрата, со што западниот ѕид е срушен и оформен е целовит простор.[3]
Нема податоци за времето на изградба на храмот. По иконографските и стилистичите особености на зачуваниот фрескопис се смта дека е изграден и живописан во првата половина на XVII век.[3][4] Фрескоживописот во горните подрачја на сводот е делумно оштетен.[3]
↑Митревски, Никола (2013). Фрескоживописот во црквата Свети Архангел Михаил во селото Бенче, Порече, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 187.
↑ 3,03,13,2Митревски, Никола (2013). Фрескоживописот во црквата Свети Архангел Михаил во селото Бенче, Порече, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 188.