Црквата е сместена надвор од селото во западна насока, а околу нејзе се наоѓаат самите селски гробишта.
Историја
Црквата била подигната во 1628 година.[2] Во третата деценија на XVII век, исто така, е и живописана.[3]
Архитектура
Претставува еднокорабна гробишна црква, која е целосно живописана.[3]
Во вообичаената сликана програма привлекува внимание претставата на риба како евхаристичен симбол, во цоклето на олтарот и допојасјето на Свети Сава (Српски) во фризот на маченици.[3]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑„Русјачка парохија“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 29 октомври 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)