Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ресен

Свети Великомаченик Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Прва ресенска
Местоположба

Карта

Координати 41°5′22.8″N 21°0′31.9″E / 41.089667° СГШ; 21.008861° ИГД / 41.089667; 21.008861
Место Ресен
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Архитектонски опис

Св. Великомаченик Ѓорѓицрква во градот Ресен, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Ресенско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Во црквата има две римски надгробни плочи од мермер. Едната е вградена во подот со натписот нагоре, а другата е во западниот ѕид однадвор. Таа стела има две полиња, на кои релјефно се претставени бисти на маж и жена. Плочите ое селото Козјак.[1]

„Свети Ѓорѓи“ долго време била единствената црква во Ресен. Во 1844, 1846 и 1848 година во неа работеле истакнатите зографи Михаил Анагност и син му Никола Михајлов.[2]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович напишал во „Очерк путешествия по Европейской Турции“:

Град Ресна (Ресен), оддалечен на четири часа од езерото, е населен со Македонци[3] и има црква, посветена на Свети Ѓорѓи и грчко училиште“.[4]

Во 1872 г. со создавањето на Бугарската егзархија започнале жестоки борби помеѓу бугарската и грчката пропаганда. Така, во 1894 г. егзархиската општина ја изградила втората црква во градот — „Св. Кирил и Методиј“, додека „Св. Ѓорѓи“ продолжила да работи под врховенството на Цариградската патријаршија.[5]

Во 2012 г. градските власти решиле да постават часовник на камбанаријата на „Св. Ѓорѓи“. Ова бил потег за конечно враќање на градскиот часовник по уништувањето на старата Саат-кула во градот.[6]

Слики

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  2. Николоски, Дарко (3 - 5 јуни 2012, с. 355). „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“ (PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Симпозиум „Ниш и Византија XI“, Ниш. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 8 април 2014. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Македонците ги нарекува „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  4. Григорович, Виктор. Очерк путешествия по европейской Турции, 1877, стр. 108.
  5. Радев, Симеон (1969). Ранни Спомени. София: Български писател. стр. 263–264. Посетено на 14 март 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „И Ресен имал своја саат-кула“. Општински Информативен Центар - Ресен. Архивирано од изворникот на 2019-05-01. Посетено на 2019-05-01.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!