Вознесение Христово — разрушена главна селска црква во селото Трстеник.
Местоположба
Црквата е сместена на неколку стотина метри северно од селото, во правец кон соседното село Сопот.[1]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има спореден влез на јужната страна. Се забележува дека објектот бил граден од камен и малтер, а бил покриен со кров од ќерамиди. Храмот денес е без кров, но ѕидините се сочувани. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.[1]
Галерија
Урнатините од црквата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Внатрешноста
Селските гробишта
-
Селските гробишта
-
Гробови
-
Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски