Цела-Мелис (германски: Zella-Mehlis) — мал град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа во Тириншката Шума, 5 километри северно од Зул и 20 километри источно од Мајнинген.
Географија
Цела-Мелис се наоѓа во јужниот дел на Тириншката Шума, на надморска височина од 450 до 580 метри. Највисока точка во градот е Зомербахскопф на 941 метар. Поголеми градови во близина се Ерфурт (44 км) и Јена (71 км).
Градски единици
Покрај самиот град Цела-Мелис, кон него припаѓа и поранешната општина Бенсхаузен (со местото Ебертсхаузен).
Соседни општини
Соседни општини се Оберхоф, Шварца, Штајнбах-Халенберг и слободниот град Зул.
Политика
Градски совет
На општинските избори на 26 мај 2019 година со излезност од 60,2% биле одбрани следниве 24 претставници во градскиот совет:[2]
Партија / Листа |
% на гласови |
Места
|
CDU |
20,3 % |
5
|
Левица |
9,4 % |
2
|
SPD |
7,5 % |
2
|
Слободни гласачи |
26,4 % |
6
|
AfD |
11,0 % |
3
|
Граѓанска иницијатива Ренштајг |
20,1 % |
5
|
Одговорност за Бенсхаузен |
5,2 % |
1
|
Градоначалник
Градоначалник на Цела-Мелис е Рихард Росел (независен).[3]
Збратимени градови
Цела-Мелис е збратимен со следниве градови:
Галерија
-
Градското собрание
-
Плоштадот во Цела
-
Поглед на Цела
-
Градскиот музеј
Наводи
Надворешни врски