Тарите припаѓаат на потсемејствотокози во редотпарнокопитни. Нивните најблиски роднини во потсемејството кози се овците и козите.[3] Подвидот источнохималајски тар или шапи, бил опишан во 1944 година.[6] Оваа класификација повеќе не се смета за валидна и во моментов не се признава ниеден подвид.[1]
Етимологија
Зборот тар е непалски збор и првпат бил употребен во англиските списи (tahr) во 1835 година.[7]
Родното името на Hemitragus потекнува од грчките зборови хеми што значи половина и трагос што значи коза.[8][9]
Изглед
Ова животно има мала глава, мали шилести уши, големи очи и различни рогови кај мажјаците и женките.[3] Роговите достигнуваат должина од 46 см. Телесно се одликува со полов диморфизам, при што женките се помали од мажјаците и имаат помали рогови. Роговите се свиени наназад, спречувајќи повреди за време на сезоната за парење, кога мажјаците се удираат со нив. Просечниот мажјак тежи околу 73 кг, а просечната женка само 36 кг, и има помала во висина отколку во должина[10] По надворешноста, тарот е добро приспособен за суровите животни услови на Хималаите. Имаат дебело црвенкасто крзно и дебело поткрзно, со цел да се заштитат од студот и ветриштата. Кон крајот на зимата, крзното им се проретчува (познато како митарење) и добива посветла боја, што претставува начин на прилагодување на телесната температура според условите.[11]
Како копитар , тарот има парен број на ножни прсти на копитото. Имаат особена способност за искачување и по мазни и по груби површини, потребна за движење по планинскиот терен на којшто живеат. Копитата имаат гуменеста внатрешност, што им овозможува фат на мазни камења и карпи, додека пак кератинот околу неа им дава трајност и издржливост, важна за сигурно одење по нерамни предели.[11]
Хималајскиот тар просечно живее 14-15 години, при што женките се подолговечни од мажјаците. Најстарата позната единка достигнала возраст од 22 години, живеејќи во заробеништво.[12]
Размножување
Таровите се многуженци, а межјаците покажуваат висок степен на меѓусебно соперништво кога треба да се придобијат женки. Младите полово зрели мажјаци талкаат по пределите и се парат во првата поволна прилика (кога наоколу нема поголеми мажјаци), додека пак повозрасните (постари од 4 години) влегуваат во обредни борби за женки. За време на сезоната за парење, плодните мажјаци губат голем дел од масните резерви, додека пак женките и неплодните мажјаци остануваат исти, што значи дека ова поведение има значаен издаток.[13] Доминантноста на мажјаците зависи од големината, тежината и нивото на тестостерон. Интересно е тоа што мажјаците со посветло крзно имаат полесен пристап до женки.[14]Бременоста кај женките трае 180–242 дена и се раѓа по едно јаре.[13][15] Ова укажува на крајната важност на половата селекција за физичката сила и способност на мажјаците.
Исхрана
Бидејќи се растителнојадни, таровите го поминуваат најголемито дел од денот во пасење треви и брстење на листови и некои плодови.[15] Кратките нозе им даваат рамнотежа кога посегаат по лисјата на грмушките и малите дрвца.[11] Тарот јаде повеќе дрвенести отколку билни растенија,[16] а дури 75% треви.[17] Како и останатите шуплороги, ова животно е преживар и има сложен систем за варење. Повеќекоморниот стомак му овозможува повеќепати да ја враќа храната, да ја преџвакува и така да добива хранливи состојки од инаку несварлив растителен материјал.
Екологија и живеалиште
Хималајскиот тар е прилагоден на живот во студени карпести предели по планините. На Хималаите живее на надморска височина од 2.500 до 5.000 м. Се храни со голем број разновидни растенија и често живее на места кајшто растителноста е изложена и погодна за пасење или брстење. Зиме, снегот ги прекрива растенијата на повисоките места, па затоа тарот се симнува да живее на пониско.[18]
Непријатели
Значаен непријател на хималајскиот тар е снежниот леопард,[19] кој воедно лови и други копитари, поради што се јавува привидна конкуренција помеѓу тарот и други тревопасни видови. Привидната конкуренција се јавва кога два вида имаат ист непријател. Во вакви околности, зголемувањето на бројноста на еден вид го зголемува и бројот на непријателот, што потоа се претвора во зголемување на жртвите кај другиот вид.
Наводи
↑ 1,01,11,2Bhatnagar, Y. V. & Lovari, S. (2008). „Hemitragus jemlahicus“. IUCN Red List. Version 2014.3. International Union for Conservation of Nature.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑Ropiquet, A. & Hassanin, A. (2005). Molecular evidence for the polyphyly of the genus Hemitragus (Mammalia, Bovidae). Molecular Phylogenetics and Evolution 36 (1): 154–168.
↑Smith, A. T., Yan Xie, Hoffman, R., Lunde, D., MacKinnon, J., Wilson, D. E. and Wozencraft, W. C. 2008. A Guide to the Mammals of China. Princeton University Press, Princeton, New Jersey.
↑ 13,013,1Forsyth, David M., Richard P. Duncan, Ken G. Tustin, and Jean-Michel Gaillard. “A Substantial Energetic Cost to Male Reproduction in a Sexually Dimorphic Ungulate.” Ecology 86, no. 8 (August 1, 2005): 2154–2163. doi:10.1890/03-0738.
↑Lovari, S., B. Pellizzi, R. Boesi, and L. Fusani. “Mating Dominance Amongst Male Himalayan Tahr: Blonds Do Better.” Behavioural Processes 81, no. 1 (May 2009): 20–25. doi:10.1016/j.beproc.2008.12.008.
↑Watson, Michael(2007). “Aspects of the feeding ecology of Himalayan tahr (Hemitragus jemlacicus), some comparisons with chamois (Rupicapra rupicapra rupicapra) and implications for tahr management in New Zealand” . Lincoln University.
↑Clauss, M., Hummel, J., Vercammen, F., Streich, W. J., (30 June 2005) Observations on the Macroscopic Digestive Anatomy of the Himalayan Tahr (hemitragus jemlahicus). Anatomia, Histologia, Embryologia.