Дрвенесто растение

Пресек на стебло од рузмарин — пример за дрвенесто растение со типична структура

Дрвенесто растениерастение кое има дрво како структурно ткиво. Ваквите растенија можат да бидат дрва, грмушки или лијани. Обично се повеќегодишни, чии стебла поголеми корени се зајакнати со дрво од вторичен ксилем. Главното стебло, поголемите гранки и корењата се покриени со кора. Дрвото е структурно клеточно прилагодување што на овие растенија им овозможува да растат од надземните стебла од година на година, па затоа тие се најголемите сувоземни растенија во природата.

Дрвото претежно го сочинуваат ксилемни клетки со клеточни ѕидови составени од целулоза и лигнин. Ксилемот е проводно ткиво што ги спроведува водата и хранливите материи од корењата во листовите. Секоја година растението образува нови слоеви од дрвенесто ткиво и така го зголемува пречникот на стеблото. Новото ткиво се таложи во внатрешната страна на камбиумскиот слој сместен веднаш под кората. Меѓутоа, кај некои монокотиледони како палмите и змејските дрва, дрвото се создава во стракови раштркани во внатрешноста на стеблото.[1]

Дрвенестите билки се зелјести растенија што имаат тврди дрвенести стебла. Тука спаѓаат растенија како Uraria picta и извесни видови од фамилијата троскоти. Ваквите билки не се вистински дрвенести, туку имаат тврдо и густо стеблено ткиво. Други зелјести растенија имаат дрвенести стебла задебелени во основата во облик на трупка и се среќаваат во планински и суви предели.

Под дадени услови, дрвенестите растенија можат да изгнијат или со време да се скаменат.

Симболот за дрвенесто растение е ♃, кој е воедно и астрономскиот симбол на планетата Сатурн.[2] Во контекст на растенијата, овој симбол е преземен од делото „Видови растенија“ (Species Plantarum, 1753) од истакнатиот шведски ботаничар Карл фон Лине.

Поврзано

Наводи

  1. Chase, Mark W. (2004). „Monocot relationships: an overview“. Am. J. Bot. 91 (10): 1645–1655. doi:10.3732/ajb.91.10.1645. PMID 21652314.
  2. Stearn, William T. (1992) [1966]. Botanical Latin (IV. изд.). Portland: Timber Press. ISBN 0881923214.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!