Хазелине (германски: Haselünne) — мал град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 15 километри источно од окружниот град Мепен.
Географија
Местоположба
Хазелине се наоѓа на реката Хазе во средишниот дел на округот Емсланд. Се наоѓа околу 13 километри источно од окружниот град Мепен и околу 20 километри североисточно од градот Линген (Емс).
Соседни општини
Хазелине се граничи на север со општинската заедница Зегел, на исток со општинската заедница Херцлаке, на југ со општинската заедница со Ленгерих и општината Гесте и на запад со градот Мепен.
Градски единици
Покрај градското јадро, во градот Хазелине влегуваат и местата: Андруп, Бикелте, Дерген, Елтерн, Флехум, Хам, Худен, Хилзен, Клостерхолте, Лаге, Ларе, Лерте, Лое, Лотен и Вестерло.
Клима
Градот е под влијание на океанската клима со влажни северозападни ветришта од Северното Море.
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[3]
Градоначалник
Градоначалници на Хазелине биле следниве:
- од 2004: Вернер Шреер (CDU)
- 1994–2004: Бернд Верс (CDU)
- 1981–1991: Фридрих Беренцен (CDU)
- 1944–1945: Артур Кречмар (NSDAP)
Збратимени градови
Хазелине е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Градови и општини во округот Емсланд |
---|
| | |
|