Линген (Емс)

Линген (Емс)

Lingen (Ems)

Старото Градско собрание
Старото Градско собрание
Старото Градско собрание
Грб на Линген (Емс)
Линген (Емс) во рамките на Германија
Линген (Емс)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Емсланд
Градоначалник Дитер Кроне (независен)
Основни податоци
Површина 176,15 км2
Надм. височина 24 м
Население 56.542 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 321 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EL
Пошт. бр. 49808, 49809, 49811
Повик. бр. 0591, 05906, 05907, 05963
Портал lingen.de
Местоположба на градот Линген (Емс) во рамките на округот Емсланд
Карта
Карта
Координати 52°31′23″N 7°19′23″E / 52.52306°N 7.32306°E / 52.52306; 7.32306

Линген (службено наречен: Линген (Емс); германски: Lingen или Lingen (Ems)) — град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс, непосредно на самата граница со Холандија.

Географија

Местоположба

Линген се наоѓа во јужниот дел на округот Емсланд. На источниот брег на Емс се наоѓа Лингенер Хее.

Градски единици

Градот Линген (Емс) се состои од историското градско јадро, Стариот град и градските единици Ројшберге, Штрот, Дамашке, Хојкампс-Танен - Телгенкамп, како и десет места кои некогаш биле самостојни општини: Алтенлинген, Бакум, Брамше, Брокхаузен, Брегберн, Клузорт-Брамхар, Дарме, Холтхаузен, Лакстен и Шепсдорф.

  1. Алтенлинген со Вахендорф
  2. Бакум
  3. Брамше
  4. Брокхаузен
  5. Брегберн
  6. Клузорт-Брамхар
  7. Дарме
  8. Холтхаузен-Бине
  9. Лакстен
  10. Шепсдорф

Karte des Stadtgebiets Lingen (Ems)

Соседни општини

Линген се граничи на север со Гесте и Бавинкел, на исток со Ланген, Туине и Месинген, на југ со Лине и Емсбирен, како и на запад со Витмаршен.

Клима

Климата во Линген има годишна просечна температура од 9,3 °C и просечни врнежи од 789 милиметри.

Во градот била измерена рекордна највисока температура во рамки на Германија со дневна температура од 42,6 степени целзиусови во текот на топлотниот бран во јули 2019 година.

Клима на Линген (Емс)
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 4 5 8 13 17 21 22 22 19 14 8 5 13,2
Просечна минимална (°C) −1 −1 1 4 8 11 13 12 10 7 3 1 5,7
Просечно кол. врнежи (мм) 67 51 50 54 61 69 91 86 64 59 68 74 794
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 19 17 15 15 13 15 18 17 16 18 19 19 201
Влага (%) 87 85 79 74 71 73 77 80 80 84 86 89 80,4
Сончеви часови (дневно) 1,4 2,3 3,3 5,0 6,3 6,2 6,0 6,0 4,3 3,3 1,8 1,2 3,9
Извор: wetterkontor.de

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 42 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 50.001 и 75.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[3]

Градски директори

За време на периодот на двојно административно управување (1945–2000), градот ги имал следниве градски директори:

  • 1945–1946: Клеменс Бракман
  • 1946–1954: Алфонс Мајнка
  • 1954–1967: Хајнрих Пелц
  • 1967–2000: Карл-Хајнц Феринг

Градоначалник

Градоначалници на Линген биле:

  • 1933–1941: Ерих Плесе (NSDAP)
  • 1946–1951: Јулиус Ландцетел
  • 1951–1968: Роберт Коп (CDU)
  • 1968–1988: Ханс Клукерт (CDU)
  • 1988–1995: Бернхард Нојхаус (CDU)
  • 1995–2000: Урзула Рамелов (CDU)
  • 2000–2010: Хајнер Пот (CDU)
  • од 2010: Дитер Кроне (незавинсе)

Збратимени градови

Линген (Емс) е збратимен со следниве градови:[4]

Познати луѓе

Галерија

Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
  3. https://votemanager.kdo.de/20210912/03454032/praesentation/ergebnis.html?wahl_id=222&stimmentyp=0&id=ebene_3_id_558. Занемарен непознатиот параметар |titel= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |abruf= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  4. „Die Partnerstädte der Stadt Lingen (Ems)“. lingen.de (германски). Lingen (Ems). Посетено на 2021-02-19.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!