Фабијан Вегман (германски: Fabian Wegmann; р. 20 јуни 1980 во Минстер) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, познат како специјалист за планини, кој возел професионално во периодот 2002-2016.
Вегман бил трикратен германски национален друмски првак (2007, 2008, 2012).[1]
На Џиро д’Италија 2004, Вегман го освоил планинскиот пласман како најдобар возач низ планините. На Тур де Франс 2005, Вегман нападнал рано на седмата етапа во обид да победи на етапата, кој завршувала во Карлсруе, Германија. Поради неговото огромно водство (до 17 минути од главната група), тој станал виртуелен водач во бодови и генералниот пласман. Меѓутоа, тој бил фатен кон крајот на етапата. Тој ја облекол точкестата маичка на два наврата на Тур де Франс.
Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски