Туризмот во Албанија се одликува со археолошкото наследство уште од времето на старите Илири, Грци, Римјани и Отоманци, потоа со преубавите плажи на албанското крајбрежје, огромните и прекрасни планини, вкусната албанска кујна, бункерите од светските војни, гостопримството, традицијата, ниските цени и преубавата селска средина. Списанието Lonely Planet ја рангира Албанија на место број 1 кое треба да се посети во 2011 година.[1]The New York Times ја рангира Албанија 4-та помеѓу 52 одредишта кои треба да бидат посетени во 2014.[2] Иако сè уште неоткриена, Албанија полека го зазема заслуженото место во туризмот, после цел еден век од независноста.[3]Huffington Post наведе 10 причини за посета на Албанија во 2013 година.[4] Неодамна, Албанија беше официјално наречена "Go Your Own Way". Претходно, беше условена како "A New Mediterranean Love" и "Europe's Last Secret".[5]
Спротивно од некои шпекулации, Албанија е безбедна земја за патување[8] со топли луѓе кои помагаат придржувајќи се на познатата реченица Buke, Kripe e Zemer (Леб, Сол и Срце). За подобро уживање и покорисни информации, гостите кои доаѓаат за првпат во Албанија се консултираат и охрабруваат преку мрежни места и форуми, или просто резервираат билет преку некој локален тур-оператор. Организираните групи кои доаѓаат ги посетуваат археолошките наоѓалишта, историските градови, или се одмараат во Драч и Шенѓин. Во последно време, голема заинтерсираност има за сплаварењето, набљудувањето на птици, велосипедизам, планинарење, пешачење и тури низ руралните средини. Исто така, популарен е и "дентал" туризмот, поради многу ниските цени за изведување на стоматолошки услуги. Локалната традиционална кујна може да се проба во земојделските подрачја, покрај туристички атракции и убави места секаде низ државата.
Meѓутоа, лошата страна што се заканува на туризмот е слабата патна мрежа и инфраструктура, нерегулирани соодветни места за отпад, нелегална изградба на објекти, нерешена сопственост на земјиште и неквалификуваниот сектор за гостопримство. Сево ова е резултат на долгата изолација на Албанија, но во последните години се докажува спротивното. Поголемиот дел на главни патишта, некои планински се изградени преку европските ИПА фондови. Приватниот сектор и странските дарители инвестираат во сместувачки капацитети и во реновирање на историски наоѓалишта.[9]