Тумба — археолошко наоѓалиште во прилепското село Врбјани. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1,5 км источно од селото, лево од патот Славеј-Србјани, каде има мала височинка на која има фрагменти од керамички садови и градежен материјал распослани на површина од 500 м2.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 2,0 2,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998