Долгачка — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кореница. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и е од непознат тип. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека источно од селото, во котлинскиот дел на селскиот атар на длабочина од половина метар се забележуваат телеми од градби како и мноштво на покривен градежен материјал. Според мештаните наоѓалиштето се смета за населба, од која жителите биле раселени поради поплави.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998