Тракошчанска тврдина

Тракошчанска тврдина
Trakošćan
Карта
Општи податоци
ГрадХрватско Загорје
ЗемјаХрватска

Тракошчанската тврдина е дворец кој се наоѓа во Хрватско Загорје, во Хрватска. Замокот е државна сопственост на Република Хрватска, а со него управува музејската установа „Двор Тракошчан“.

Потекло на името

Се смета дека името Тракошчан потекнува оттаму што замокот, којшто е изграден на врвот на еден карпест рид, оддалеку изгледал како змеј застанат на карпа. Оттука, името Тракошчан настанало со спојување на зборот „драко“ (којшто е изведен од германскиот збор „Drache“ што означуве змеј) со зборот „stayn“ што означува камен.[1]

Историја

Дворецот бил изграден во 13 век, како мала тврдина во времето на Загорското кнежевство, изградена поради контрола на границата и на важните патишта во околината. Подоцна, со изградбата на кулата, замокот прераснал во тврдина (Burg) наменета за одбрана од огнено оружје. Со текот на времето, неговото воено значење исчезнало, така што во XIX век тој бил претворен во резиденција во којашто живееле неговите сопственици.

Низ историјата, со него владееле феудалните династии Целски, Јан Витовец, Корвини. По распадот на кнежевството, со дворецот управувал Гулај, а од 1568 година династија Драшковиќ. Дворецот бил на неколкупати прошируван, но најголема промена доживеал во времето на семејството Драшковиќ, кога биле изградени кулите кои служеле за статиционирање на топовите. Во XVIII век, кулите биле модернизирани, а објектот бил обиколен со ѕидини. Во времето на Јурај Драшковиќ дворецот бил уреден со паркова шума, со ретки дрвја на овие простори, како и со создавање на вештачко езеро. Оваа династија дворецот го поседувала до 1994 година, кога се иселиле во Австрија.[1]

Музејот Тракошчан

Замокот е заштитено културно добро и претставува дел од поширока целина којашто, покрај него, е составена од придружните згради на дворецот, градини, парк-шума и езеро. Во дворецот се наоѓа музеј со богата збирка на уметнички слики, мебел и оружје, како и со клавир од првата половина на 19 век. Непосредната околина на замокот е обликувана како парк-шума, со градини кои се осмислени пред 150 години, а дворецот е опкружен со мало езеро.[1]

Официјално мрежно место

Официјално мрежно место на замокот

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Dvor Trakošćan, Trakošćan, Hrvatska, Kroatien, Croatia.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!