Томе Тромбев (Битола, 1961) — македонски политичар, министер за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина во периодот од 29 мај 1997 до 30 ноември 1998 година во втората влада на Бранко Црвенковски.
Животопис
Роден е во 1961 година во Битола. Во периодот 1985-1992 година бил раководител на објекти во градежното претпријатие „Гранит“ во Битола. Од 1994 до 1997 година бил директор на претпријатието. Помеѓу 1997 и 1998 година бил назначен за министер за градежништво и заштита на животната средина на Северна Македонија. Во периодот 1999-2001 година работел како проектен координатор во Албанија. Бил член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во периодот 2002-2006 година бил народен пратеник[1].
Наводи