Ѓорѓи Спасов (Неготино, 11 август 1949) — македонски политичар, дипломат и универзитетски професор.[1]
Животопис
Спасов роден е на 11 август 1949 година во Неготино. Во 1972 година дипломирал на факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, Србија. Во 1983 година магистрирал, а докторирал во 1993 година на политички науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1976 до 1993 работел како асистент, а потоа како научен соработник во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања на Државниот универзитетот во Скопје. Од 1994 до 1997 бил амбасадор на Македонија во Бугарија, а од 1996 година и амбасадор во Молдавија. Од 1997 до 1998 бил министер за правда на Владата на Македонија. Од 1999 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Македонија[2] и професор на Правниот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Од 2003 до 2007 година бил амбасадор на Македонија во Велика Британија, Ирска и Исланд[3]. Спасов има добиено највисок Орден што им се доделува на странските дипломати во Република Бугарија за дипломатска дејност. Моментално е професор на Правниот факултет на Европскиот Универзитет во Скопје.
Библиографија
Спасов има учествувано во реализацијата на домашни и странски научно истражувачки проекти, учествувал на меѓународни конференции и симпозиуми и објавил научни трудови. Член е на Меѓународниот кралски институт за мегународни односи (Чатам Хаус) во Лондон.
- Aktuelnite prašanja vo združeniot trud i samoupravuvanjeto: izveštaj od anketa so vrabotenite (1979)
- Intenzifikacija nastave fizičkog vaspitanja putem rada sa homogenim grupama: doktorska disertacija (1980)
Наводи